Текст страницы
УПАТСТВА ЗА УПРАВУВАЊЕ
1. ЧАСОВНИК
Рерната е опремена со дигитален часовник. Кога е рерната во
состојба подготвеност, можете со притиснување на тастерот
ЧАСОВНИК да дотерате време во 24- часовен циклус.
Пример: Дотерајте време на рерната на 8:30.
a) Притисните го копчето ЧАСОВНИК. Написот на покажувачот
ќе почне да трепка. Часовникот ќе го дотерате со завртување
на копчето.
b) Повторно притисните го копчето ЧАСОВНИК и дотерајте
минути со завртување на копчето.
c) Повторно притисните го копчето ЧАСОВНИК и новото време
ќе биде дотерано.
ЗАБЕЛЕШКА: За време готвење можете кога-годе со
притиснување на тастерот ЧАСОВНИК да го проверите дневното
време. При приклучување во електрична мрежа, потребно е
секогаш да се дотера часовникот.
2. ЗАГРЕВАЊЕ СО
МИКРОБРАНОВИ
Оваа функција има две можности:
a) Брзо загревање со микробранови зраци (100% моќност).
Пример: Готвење со 100% моќност 5 минути.
1. Дотерајте време на 05:00 со вртливото копче.
2. Притисните го тастерот СТАРТ за почеток.
b) Загревање со микробранови зраци со рачен надзор
Пример: Загревање храна со 60% моќност 10 минути.
1. Изберте степен на моќност 60% со повеќекратно
притиснување на тастерот МИКРОБРАНОВИ или изберите
со вртење на копчето. Притисните СТАРТ.
2. Дотерајте време на »10:00« (Часовникот ќе го дотерате со
завртување на копчето).
3. Притисните СТАРТ за почеток.
Можете да дотерате 5 нивоа на моќност на загревање (100%,
80%, 60%, 40%, 20%), најдолго време на работење
е 60 минути.
3. АВТОМАТСКО
ОДМРЗНУВАЊЕ DEF1
Рерната овозможува одмрзнување месо, живина и морски
плодови. Времето на одмрзнување и моќноста автоматски
ќе се приспособат со оглед на тежината, која е однапред
дотерана. Распонот на тежината на замрзнатиот прехранбен
производ може да биде меѓу 100g и 2000g.
Пример: Одмрзнување замрзнати 600g риби.
1. Притисните го тастерот ОДМРЗНУВАЊЕ.
2. Со вртење на копчето дотерајте тежина на 600g.
3. Притисните го тастерот СТАРТ за почеток на програмата.
58