Текст страницы
УПАТСТВА ЗА УПРАВУВАЊЕ
1. ЧАСОВНИК
Рерната е опремена со дигитален часовник. Кога е рерната во
состојба подготвеност, можете со притиснување на тастерот
ЧАСОВНИК да дотерате време во 24- часовен циклус.
Пример: Дотерајте време на рерната на 8:30.
a) Притисните го копчето ЧАСОВНИК. Написот на покажувачот
ќе почне да трепка. Часовникот ќе го дотерате со завртување
на копчето.
b)
Повторно притисните го копчето ЧАСОВНИК и дотерајте
минути со завртување на копчето.
c)
Повторно притисните го копчето ЧАСОВНИК и новото време
ќе биде дотерано.
ЗАБЕЛЕШКА: За време готвење можете кога-годе со
притиснување на тастерот ЧАСОВНИК да го проверите дневното
време. При приклучување во електрична мрежа, потребно е
секогаш да се дотера часовникот.
2. ЗАГРЕВАЊЕ СО
МИКРОБРАНОВИ
Оваа функција има две можности:
a)
Брзо загревање со микробранови зраци (100% моќност).
Пример: Готвење со 100% моќност 5 минути.
1.
Дотерајте време на 05:00 со вртливото копче.
2.
Притисните го тастерот СТАРТ за почеток.
b)
Загревање со микробранови зраци со рачен надзор
Пример: Загревање храна со 60% моќност 10 минути.
1.
Изберте степен на моќност 60% со повеќекратно
притиснување на тастерот МИКРОБРАНОВИ.
2.
Дотерајте време на »10:00« (Часовникот ќе го дотерате со
завртување на копчето).
3.
Притисните СТАРТ за почеток.
Можете да дотерате 5 нивоа на моќност на загревање (100%,
80%, 60%, 40%, 20%), најдолго време на работење
е 60 минути.
3. ЖАР
Готвење, односно печење со жар е посебно примерно за тенки
резанки месо, шницли, котлети, раженчиња, колбаси или
парчиња пилешко. Жарот е примерен и за приготвување топли
сендвичи и гратинирање јадења. Најдолго време на работење
на жарот, кое можете да го дотерате, е 60 минути.
Пример: Да се приготви храна на жар на 12 минути.
1. Изберте степен на моќност G со повеќекратно притиснување
на тастерот МИКРОБРАНОВИ или изберите со вртење на
копчето. Притисните СТАРТ.
61