Текст страницы
OBJ_BUCH-2981-002.book Page 195 Wednesday, April 26, 2017 3:49 PM
Македонски | 195
Приклучок на вода
Почитувајте ги важечките прописи
на Вашиот снабдевач.
Ако кабелот е оштетен, мора да
биде заменет од страна на
произведувачот, неговиот
овластен сервисер или подеднакво
квалификуван сервис, со цел да се
избегне незгода.
Сите приклучни црева мораат да
имаат соодветни непропусни
спојки.
Ниикогаш не допирајте го утикачот
со мокри раце.
Доводното црево мора да биде со
минимална големина од 12,7 mm
(1/2").
Не извлекувајте го кабелот од
утикачот додека машината работи.
Уредот никогаш не треба да се
користи споен директно на
водоводната мрежа без повратен
вентил. Водата што поминала низ
повратниот вентил повеќе не е
исправна за пиење.
Не газете ги, не превиткувајте ги и
не тегнете ги напојниот или
продолжниот кабел, бидејќи на тој
начин можат да се оштетат.
Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
Не користете ја машината ако се
оштетени некои важни делови,
како на пример високопритисното
црево, пиштолот или некој од
сигурносните прекинувачи.
Високопритисното црево не смее
да се користи ако е оштетено
(опасност од пукање). Оштетеното
високопритисно црево мора
веднаш да се замени. Користете
само црева и спојки коишто ги
препорачува произведувачот на
уредот.
Внимание: Несоодветните
продолжни кабли можат да бидат
опасни.
Високопритисните црева, фитинзи
и спојки се важни за безбедно
ракување со уредот. Употребувајте
само црева, фитинзи и спојки
коишто ги препорачува
произведувачот на уредот.
За напој користете само чиста или
филтрирана вода.
Ако користите продолжен кабел,
врската меѓу продолжниот и
напојниот кабел мора да биде
водоотпорна. Продолжниот кабел
мора да има попречен пресек
според спецификациите во
упатството за работа и да биде
заштитен од вода. Врската не смее
да се наоѓа во вода.
Примена
Кога се менува напојниот кабел или
некој негов дел, заштитата од вода
или механичката стабилност на
машината мора во потполност да се
чуваат.
Пред употреба проверете дали
уредот и дополнителната опрема се
во фунционална состојба и дали се
безбедни за употреба. Не
користете го уредот доколку не е во
одлична состојба.
Bosch Power Tools
F 016 L81 568 | (26.4.17)