Инструкция углошлифовальная машина (УШМ) Bosch GWS 670

Страница 196 (стр. 196 из 268)

Бренд: Bosch

Страница 196 документа Углошлифовальная машина (УШМ) Bosch GWS 670. Раздел: Углошлифовальные машины (УШМ). Бренд: Bosch.

Текст страницы

OBJ_BUCH-3123-002.book Page 196 Monday, July 17, 2017 3:36 PM

196 | Македонски

Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.

Заштитна хауба за брусење
Ставете ја заштитната хауба 6 на
грлото на вретеното. Подесете ја
позицијата на заштитната хауба 6
според потребите на работниот
процес. Фиксирајте ја
заштитната хауба 6 така што ќе ја
затегнете завртката за
фиксирање 5 со крстест
одвртувач.

Поставете ја заштитната хауба 6 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 6
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.

Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на брусните апарати.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За зацврстување на брусната плоча/брусната плоча за
сечење зашрафете ја стезната навртка 9 и затегнете ја со
клуч со два отвора.
По монтажата на брусниот апарат, пред
вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е
точно монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали брусниот апарат не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Приклучна прирабница за брусното вретено M 10:
Приклучната прирабница може да се користи од двете
страни.

Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
11.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење 11 се монтира како заштитна
хауба 6 за брусење.

Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
При работата со ламелеста брусна плоча во вид на
лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки
13.

Хауба за вшмукување при сечење со лизгачки водилки
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки 18 се
монтира како заштитна хауба за брусење 6.

Дополнителна дршка
Зашрафете ја дополнителната дршка 3 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.

Гумен диск за брусење
При работењето со гумен диск 14 за брусење
секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 13.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Зашрафете ја тркалезната навртка 16 и затегнете ја со
клуч со два отвори.

Заштита за дланките
При работа со гумен диск 14 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 13.
Зацврстете ја заштитата за дланки 13 со дополнителната
дршка 3.

Монтирање на брусни алати

Лончеста четка/плочеста четка
При работењето со лончеста четка или плочеста
четка секогаш монтирајте ја заштитата за дланките
13.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата четка/плочестата четка мора да се зашрафи на
вретеното за брусење до тој степен цврсто да налегне на
прирабницата на вретеното за брусење на крајот на
навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата
четка/плочеста четка со вилушкаст клуч.

Дозволени алати за брусење

Може да ги користите сите алати за брусење наведени во
ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min-1] одн. периферната
брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да
одговара на податоците во следната табела.

Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 4 и сите делови што
треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното 1, за да
го зацврстите вретеното за брусење.

1 609 92A 3SR | (17.7.17)
Bosch Power Tools

Инструмент и стройка / Электроинструменты / Инструменты для обработки поверхностей / Шлифовальные машины / Углошлифовальные машины (УШМ), оснастка / Углошлифовальные машины (УШМ)

DeWALT DWE492S

28 стр.

DeWalt DWE492

Makita GA5030RK

72 стр.