Текст страницы
Инсталирање или отстранување
на абразивниот диск
Опционален прибор
3.
Додека го туркате лостот за блокирање, свртете
го штитникот за тркалото кон В, па променете го
аголот на штитникот за тркалото според работата
така што операторот да може да биде заштитен.
Порамнете го лостот за блокирање со една од дупките
на штитникот за тркалото, па ослободете го лостот за
блокирање за да го заклучите штитникот за тркалото.
► Сл.6: 1. Штитник за тркало 2. Отвор
За модел од 100 мм
► Сл.10: 1. Навртка за шмирглање 2. Абразивен
диск 3. Гумена подлошка 4. Внатрешна
фланша
За да го извадите штитникот за тркало, следете ја
постапката за местење по обратен редослед.
1.
Монтирајте ја внатрешната фланша на вретеното.
2.
Монтирајте ја гумената подлошка на вретеното.
3.
Поставете го дискот на гумената подлошка и
завртете ја навртката за блокирање на вретеното.
Монтирање или вадење на тркало
со вдлабнато средиште или
повеќеделен диск
Опционален прибор
4.
Држете го вретеното со блокадата на оската и убаво
стегнете ја навртката за шмирглање надесно со клуч за навртки.
За модел од 115 мм/125 мм
► Сл.11: 1. Навртка за шмирглање 2. Абразивен
диск 3. Гумена подлошка
1.
Монтирајте ја гумената подлошка на вретеното.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога користите
тркало со вдлабнато средиште или
повеќеделен диск, штитникот на тркалото
треба да се монтира на алатот, така што
затворената страна на штитникот да биде
свртена кон операторот.
2.
Поставете го дискот на гумената подлошка и
завртете ја навртката за блокирање на вретеното.
3.
Држете го вретеното со блокадата на оската и убаво
стегнете ја навртката за шмирглање надесно со клуч за навртки.
За да го извадите дискот, следете ја постапката за
местење по обратен редослед.
ВНИМАНИЕ: Уверете се дека делот од
внатрешната фланша што се монтира совршено
го собира во внатрешниот дијаметар на
вдлабнатото средиште/повеќеделниот диск. Ако
внатрешната фланша се монтира на погрешната
страна, може да настанат опасни вибрации.
НАПОМЕНА: Користете додатоци за стругање
назначени во ова упатство. Тие треба да се купат
посебно.
РАБОТЕЊЕ
Монтирајте ја внатрешната фланша на вретеното.
Поставете го вдлабнатиот дел од внатрешната
фланша на рамниот дел на дното од вретеното.
Наместете го вдлабнатото средиште/повеќеделниот
диск на внатрешната фланша и завртете ја
навртката на вретеното.
► Сл.7: 1. Навртка за стегање 2. Тркало со
вдлабнато средиште 3. Внатрешна
фланша 4. Дел за монтирање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не би
требало да се применува сила врз алатот.
Тежината на алатот нанесува доволно притисок.
Додавањето сила и прекумерен притисок може да
предизвикаат опасно кршење на тркалото.
За да ја затегнете навртката, притиснете ја цврсто
блокадата на оската, така што вретеното нема да може
да се врти, па со клучот за стегање затегнете ја надесно.
► Сл.8: 1. Клуч за стегање 2. Блокада на оската
За да го извадите тркалото, следете ја постапката за
местење по обратен редослед.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЕКОГАШ заменувајте
го тркалото ако алатот ви падне при брусење.
Ставање и вадење флекси-тркало
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НИКОГАШ не удирајте
ја плочата или тркалото за брусење на материјалот.
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Избегнувајте
отскокнување и заглавување на тркалото, особено
кога работите на агли, остри рабови и сл. Така може
да изгубите контрола и да дојде до повратен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш користете
го испорачаниот штитник кога флекси-тркалото
е поставено на алатот. Тркалото може да се
распрсне за време на употребата, а штитникот
помага во намалување на шансите за телесна
повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ КОРИСТЕТЕ ГО
алатот со сечила за дрворез и други пили за
дрво. Таквите сечила, кога се користат со брусилка,
често удираат и предизвикуваат губење контрола,
што може да доведе до телесна повреда.
► Сл.9: 1. Навртка за стегање 2. Флекси-тркало
3. Подлошка 4. Внатрешна фланша
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Продолжената
употреба на истрошено тркало може да
резултира со негова експлозија и тешка
телесна повреда.
Следете ги упатствата за тркалото со вдлабнато
средиште, но, исто така, користете подлошка врз
тркалото. Редоследот на склопување можете да го
видите на страницата за додатоците во ова упатство
за употреба.
58
МАКЕДОНСКИ