Инструкция винтоверт Makita TD001GZ XGT 40V , Без ЗУ, Без АКБ

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА (стр. 66 из 128)

Бренд: Makita

Страница 66 документа Винтоверт Makita TD001GZ XGT 40V , Без ЗУ, Без АКБ. Раздел: Винтоверты. Бренд: Makita.

Текст страницы

НАПОМЕНА: Номиналната вредност(и) за
емисија на бучава е измерена во согласност со
стандардни методи за испитување и може да се
користи за споредување алати.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

НАПОМЕНА: Номиналната вредност(и) за
емисија на бучава може да се користи и како
прелиминарна процена за изложеност.

Општи упатства за безбедност за
електричните алати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Носете заштита за
ушите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар и/или сериозни повреди.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Емисијата на бучава
при фактичкото користење на алатот може
да се разликува од номиналната вредност(и),
зависно од начинот на којшто се користи
алатот, особено од тоа како вид работен
материјал се обработува.

Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за да може повторно
да ги прочитате.
Под терминот „електричен алат“ во предупредувањата
се мисли на вашиот електричен алат кој работи на
струја (со кабел) или на батерии (безжично).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа
на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите
кога електричниот алат е исклучен и кога
работи во празен од, не само кога е активен).

Безбедносни предупредувања за
безжичниот ударен одвртувач

Вибрации

Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на
три оски) одредена во согласност со EN62841-2-2:
Работен режим: ударно стегање на завртките при
максимална моќност на алатот
Ширење вибрации (ah) : 10,0 м/с
2

Отстапување (K): 1,5 м/с
2

НАПОМЕНА: Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите е измерена во
согласност со стандардни методи за испитување и
може да се користи за споредување алати.

НАПОМЕНА: Вкупната вредност(и) на
номиналната јачина на вибрациите може да
се користи и како прелиминарна процена за
изложеност.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Јачината на
вибрациите при фактичкото користење на
алатот може да се разликува од номиналната
вредност(и), зависно од начинот на којшто
се користи алатот, особено од тоа како вид
работен материјал се обработува.

1.
Држете го алатот само за изолираните држачи
кога вршите работи при кои затегнувачот може
да дојде во допир со скриени жици. Затегнувачите
што ќе допрат жица под напон можат да ја пренесат
струјата до металните делови на алатот и да
предизвикаат струен удар на операторот.
2.
Бидете сигурни дека секогаш стоите на
цврста подлога.
Уверете се дека под Вас нема никој кога го
користите алатот на високи места.
3.
Цврсто држете го алатот.
4.
Носете штитници за уши.
5.
Не допирајте ја бургијата или работниот материјал
веднаш по работата. Тие може да бидат многу
жешки и може да ви ја изгорат кожата.
6.
Не допирајте ги вртливите делови.
7.
Користете помошна рачка(и), ако е
доставена со алатот. Губењето контрола може
да предизвика повреда.
8.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи при кои
додатокот за сечење може да дојде во допир
со скриени жици. Додатоците за сечење што
ќе допрат жица под напон можат да ја пренесат
струјата до металните делови на алатот и да
предизвикаат струен удар на операторот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Погрижете се да
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на лицето кое ракува со алатот врз основа
на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите
кога електричниот алат е исклучен и кога
работи во празен од, не само кога е активен).

Декларација за сообразност од ЕУ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ.

Само за земјите во Европа

Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.

ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на
безбедносните правила наведени во ова
упатство може да предизвикаат тешка телесна
повреда.

66
МАКЕДОНСКИ

Инструмент и стройка / Электроинструменты / Сверлильные инструменты / Винтоверты, оснастка / Винтоверты

Винтоверт CROWN CT22021HX-4 TB

20 стр.
Инструмент и стройка / Электроинструменты / Сверлильные инструменты / Винтоверты, оснастка / Винтоверты

Винтоверт DeWalt DCF601D2 XR 10.8/12V

40 стр.
Инструмент и стройка / Электроинструменты / Сверлильные инструменты / Винтоверты, оснастка / Винтоверты

Винтоверт DeWalt DCF801D2 XR 10.8/12V

144 стр.