Текст страницы
Чистење на машината
ОДРЖУВАЊЕ
Чистете ја машината така што ќе ја бришете
прашината со сува крпа или крпа натопена во
сапуница, па исцедена.
ВНИМАНИЕ: Пред проверки или
одржување, секогаш проверувајте дали
машината е исклучена и касетата за батерија е
извадена.
ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Отстранете ги правот или нечистотиите од отворите
за смукање.
► Сл.15: 1. Отвор за смукање
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Пред да побарате поправка, прво самите извршете проверка. Ако пронајдете проблем што не е опишан во
упатството, не обидувајте се да ја расклопите машината. Наместо тоа, побарајте помош од овластените
сервисни центри на Makita и секогаш користете делови за замена и поправка од Makita.
Состојба на аномалии
Можна причина (дефект)
Поправка
Моторот не работи.
Не е монтирана касетата за
батеријата.
Монтирајте ја касетата за батеријата.
Проблем со батеријата (под напон)
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Погонскиот систем не работи
правилно.
Побарајте помош од локален, овластен,
сервисен центар за поправка.
Моторот запира со работа по
краткотрајна употреба.
Нивото на наполнетост на батеријата
е ниско.
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Прегревање.
Запрете со користење на машината за да
оставите време да се излади.
Машината не ја достигнува
максималната брзина.
Батеријата е неправилно монтирана.
Монтирајте ја касетата за батеријата како што е
опишано во прирачникот.
Моќта на батеријата опаѓа.
Повторно наполнете ја батеријата. Ако
полнењето нема ефект, заменете ја батеријата.
Погонскиот систем не работи
правилно.
Побарајте помош од локален, овластен,
сервисен центар за поправка.
Абнормални вибрации:
веднаш запрете ја машината!
Погонскиот систем не работи
правилно.
Побарајте помош од локален, овластен,
сервисен центар за поправка.
Моторот не може да запре:
веднаш извадете ја батеријата!
Електричен или електронски дефект.
Отстранете ја батеријата и побарајте го
вашиот локален, овластен, сервисен центар за
поправка.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
•
Комплет флексибилно црево
•
Завршеток на флексибилното црево (за
распрскувач со четка/конусен распрскувач)
•
Распрскувач со четка
•
Конусен распрскувач
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се
препорачуваат за користење со производот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со пакетот производи како стандарден
прибор. Тие може да се разликуваат од држава до
држава.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Млазница
•
Градинарска млазница
•
Вреќа за прав
•
Долга млазница
•
Конусна млазница
53
МАКЕДОНСКИ