Текст страницы
• Сликата е само за информација.
• Уверете се дека HUAWEI CPE е поврзан на интернет и дека насочувачот е нов или е вратен на
фабричките поставки.
• Уверете се дека HUAWEI CPE ги поддржува функцијата HUAWEI HiLink и протоколот CoAP. За
подетални информации, консултирајте се со дистрибутерот.
• Уверете се дека растојанието помеѓу вашиот насочувач и HUAWEI CPE е помало од 10 метри и
дека нема повеќе од два ѕида помеѓу нив.
Безбедносни информации
Работа и безбедност
[Предупредување] Внимателно прочитајте ги сите информации за безбедност пред да го
користите уредот за да бидете сигурни дека работи безбедно и правилно и да научите како
правилно да го фрлите уредот.
• Не го користете уредот доколку е забрането да се употребува. Не го користете уредот ако
неговата употреба предизвикува опасност или пречки на други електронски уреди.
• Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува најмало растојание од 15 см
меѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите
пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот во
предниот џеб.
• Избегнувајте места со прав, влага или нечистотија. Избегнувајте магнетни полиња. Користењето
на уредот во таква средина може да предизвика нарушување на струјното коло.
• Идеални температури за работа се 0 °C до 40 °C. Идеални температури за чување се –40 °C до
+70 °C. Екстремна топлина или студ може да го оштети уредот или дополнителната опрема.
• Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро проветрена и студена просторија без
директна изложеност на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или други предмети.
337