Текст страницы
Македонски
Пред да го користите уредот, прегледајте го и преземете го најновото упатство за корисници од
https://www.hihonor.com/global/support/.
Вклучување и полнење
Кога првпат го користите компјутерот, само вклучете го во напојување и тој ќе се вклучи.
Кога повторно го вклучувате компјутерот, притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување
додека тастатурата не се осветли.
Компјутерот има вградена батерија на полнење и може да ја полните со користење на адаптерот и кабелот
за полнење што е доставен со него. Показателот трепка во бела боја текот на полнењето.
Принудно исклучување: притиснете го и задржете го копчето за вклучување/исклучување подолго од 10
секунди. Имајте предвид дека тоа ќе предизвика губење на сите незачувани податоци.
Информации за безбедност
•
За да спречите можно оштетување на слухот, не слушајте долг временски период со голема
јачина на звукот.
•
Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да определите дали користењето на
уредот може да влијае врз работата на вашиот медицински уред.
•
Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага или нечистотија, или во близина на
магнетно поле.
•
Идеални температури: од 0°C до 35°C за работа, -10°C до +45°C за чување.
•
При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во близина што е лесно достапен. Користете
одобрени адаптери за напојување и полначи.
•
Исклучете го полначот од електричниот штекер и од уредот ако уредот не се користи долго време.
•
Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ставајте ја
на или во уреди за затоплување. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте ја и не гмечете ја. Не
ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури и да
експлодира.
•
Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја оштетите батеријата, а тоа може да
предизвика прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред треба
да го врши Honor или овластен давател на услуги.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и
батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по
крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема
ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на
луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за
фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https://www.hihonor.com/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg над 10 грама ткиво. Уредот ги исполнува
спецификациите за RF кога се користи растојание од 0,0 cm од телото. Највисока пријавена вредност на
SAR: SAR на тело: 0,352 W/kg.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Honor Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред NBR-WAH9/NBR-WAI9 е во согласност со следниве
Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS 2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ. Целиот текст на Декларацијата за
усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите информации за додатоци и софтвер се
достапни на следнава интернет-адреса: https://www.hihonor.com/global/legal/certification/.
Ограничувања во опсегот од 5 GHz:
Фреквентниот опсег од 5150 до 5350 MHz е ограничен на употреба во затворен простор во следниве земји:
AT, BE, BG, CH, CY, CZ, DE, DK, EE, EL, ES, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV, MT, NL, NO, PL, PT, RO, SE, SI, SK,
TR, UK(NI).
Фреквентни опсези и моќност
20