Текст страницы
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
ВНИМАНИЕ:
Секогаш бидете сигурни дека машината е исклучена и дека батериската кутија е извадена пред да ја
прилагодите или проверите функцијата на машината.
Инсталирање или отстранување на батериската кутија.
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш исклучувајте ја машината пред да ја инсталирате или отстраните батериската кутија.
• Цврсто држете ги машината и батериската кутија при инсталирање или отстранување на самата батериска
кутија. Доколку не ги држите цврсто машината и батериската кутија, тогаш тие можат да ви се лизнат од
рацете и со тоа да се предизвика оштетување на самата машина и батериска кутија, како и да се здобиете
со телесна повреда.
• Не користете сила при инсталирање на батериската кутија. Ако касетата на батеријата не лизне лесно
внатре, тогаш не е правилно вметната.
За да ја инсталирате касетата со батерија, повлечете ја рачката за заклучување и потоа отворете го капакот
на батеријата. Порамнете го јазичето на касетата на батеријата со жлебот на куќиштето и поставете ја на
своето место. Вметнете ја целосно, се додека не застане на своето место и не се чуе мало кликнување.
Погледнете на Слика 3.
За да ја отстраните батериската кутија, лизнете ја од машината додека го притискате копчето. Погледнете на
Слика 4.
Слика 3
Слика 4
461
македонски