Текст страницы
231
Македонски
2
За да откачите каков било чешел од
елементот за сечење, внимателно повлечете
го од задниот дел на уредот и потоа лизгајте
нагоре по елементот за сечење.
Забелешка: Кога потстрижувате првпат,
започнете со користење на поставката за
чешел со најголема должина за
потстрижување за да се запознаете со
уредот.
Вклучување и исклучување на уредот
-
За да го вклучите уредот, турнете го лизгачот
за вклучување/исклучување нагоре.
-
За да го исклучите уредот, турнете го
лизгачот за вклучување/исклучување
надолу.
Додатоци што се користат за брада
Потстрижувач за коса со полна големина
Користете го потстрижувачот за коса со полна
големина без чешел за да ја потстрижете
косата пократко до кожата (на должина до 1/32
инчи (0,5 мм) или за да креирате чисти линии
околу брадата, вратот и бакенбардите.
1
За да потстрижувате влакна пократко до
кожата, поставете ја рамната страна на
елементот за сечење на кожата и правете
движења спротивно од насоката на растење
на влакната.