Инструкция парогенератор Philips PerfectCare Compact Plus GC7920/20

Македонски (стр. 129 из 138)

Бренд: Philips

Страница 129 документа Парогенератор Philips PerfectCare Compact Plus GC7920/20. Раздел: Парогенераторы. Бренд: Philips.

Текст страницы

131
Македонски

Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка
што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење, брошурата со важни информации и водичот за
брз почеток пред да го користите апаратот. Зачувајте ги за идни потреби.

Преглед на производот (сл. 1)
1 Грејна плоча
2 Индикатор „пеглата е подготвена“
3 Копче за пареа/дополнителна количина на пареа
4 Црево за довод на вода
5 Подножје за пеглата
6 Копче за отпуштање на бравата за носење
7 Рачка за отпуштање на резервоарот за вода
8 Отвор за полнење
9 Отстранлив резервоар за вода
10 Преграда за чување на цревото за довод на вода
11 Кабел за напојување со приклучок
12 Сад Smart Calc-Clean
13 Копче CALC-CLEAN со индикатор
14 Копче за вклучување/исклучување со индикатор за напојување и за исклучување

Подготовка за употреба

Тип вода што треба да ја користите

Овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со
тврда вода, може да дојде до брзо таложење на бигор. Поради тоа се препорачува користење
на дестилирана или деминерализирана вода (може да се користи и мешавина од 50 %
деминерализирана/дестилирана вода и обична вода) за да се продолжи векот на траење на
апаратот.

Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет,
штирак, средства за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена
од бигор или други хемикалии, затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода,
појава на кафени дамки или оштетување на апаратот.

Полнење на резервоарот за вода

Наполнете го резервоарот за вода пред секое користење или кога нивото на вода во резервоарот ќе
се спушти под минималното ниво. Резервоарот за вода можете да го дополните во секое време при
користењето.
1 Притиснете ја рачката на резервоарот за вода и извадете го резервоарот за вода од основата

(сл. 2).
2 Наполнете го резервоарот за вода до ознаката MAX (сл. 3).
3 Туркајте го резервоарот за вода во апаратот сè додека не легне на место („клик“).

Користење на апаратот

Ткаенини што се пеглаат

Немојте да пеглате ткаенини што не може да се пеглаат.

-
Ткаенините со овие симболи (сл. 4) може да се пеглаат, на пример лен, памук, полиестер, свила,
волна, вискоза и вештачка свила.
-
Ткаенините со овој симбол (сл. 5) не може да се пеглаат. Такви ткаенини се синтетичките ткаенини,
како што е спандексот или еластанот, ткаенините што содржат спандекс и полиолефините (на пр.
полипропилен). Отпечатените слики на облеката исто така не може да се пеглаат.

Оглавление

Бытовая техника / Техника для дома / Глаженье / Парогенераторы

Black+Decker BXSS2400E

56 стр.
Бытовая техника / Техника для дома / Глаженье / Парогенераторы

Black+Decker BXSS2400E

56 стр.
Бытовая техника / Техника для дома / Глаженье / Парогенераторы

Zelmer ZIS2415

76 стр.