Текст страницы
563
Македонски
Извршување на постапката Calc-Clean со садот Calc-Clean
Предупредување: не оставајте го апаратот без надзор при
постапката Calc-Clean.
Внимание: секогаш извршувајте ја постапката Calc-Clean со садот Calc-
Clean. Немојте да ја прекинувате постапката со подигнување на пеглата
од садот Calc-Clean, бидејќи од грејната плоча ќе излезе врела вода и
пареа.
Забелешка: апаратот мора да биде приклучен во напојување и ВКЛУЧЕН
при постапката Calc-Clean.
Серија PSG3000
1
По 1 до 3 месеци користење, индикаторот Calc-Clean ќе почне да трепка
и апаратот ќе се огласи со звучен сигнал што значи дека треба да ја
извршите постапката Calc-Clean.
2
Освен тоа, вграден е и втор систем за заштита на апаратот од бигор:
функцијата за пареа се оневозможува ако не се изврши постапката за
отстранување бигор. Откако ќе се изврши отстранувањето бигор,
функцијата за пареа повторно ќе се овозможи. Ова се врши без оглед на
типот вода што се користи.
3
Притиснете ја рачката на резервоарот за вода и извадете го резервоарот
за вода од основата.
1
2