Текст страницы
566 Македонски
1
По 1 до 3 месеци користење, индикаторот Calc-Clean ќе почне да трепка
и апаратот ќе се огласи со звучен сигнал што значи дека треба да ја
извршите постапката Calc-Clean.
2
Освен тоа, вграден е и втор систем за заштита на апаратот од бигор:
функцијата за пареа се оневозможува ако не се изврши постапката за
отстранување бигор. Откако ќе се изврши отстранувањето бигор,
функцијата за пареа повторно ќе се овозможи. Ова се врши без оглед на
типот вода што се користи.
3
Отворете ја вратичката за полнење на резервоарот за вода.
4
Наполнете го резервоарот за вода до половина.
Забелешка: апаратот мора да биде приклучен во напојување и ВКЛУЧЕН
при постапката Calc-Clean.
5
Поставете го садот Calc-Clean на штицата за пеглање или на друга рамна
и стабилна површина.