Инструкция аккумуляторная отвертка Bosch GO 3 Kit

Лична безбедност (стр. 279 из 404)

Бренд: Bosch

Страница 279 документа Аккумуляторная отвертка Bosch GO 3 Kit. Раздел: Аккумуляторные отвертки. Бренд: Bosch.

Текст страницы

Македонски | 279

заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните
приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример,

цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од
струен удар ако вашето тело е заземјено.

u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе

вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.

u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот

за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни
делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел

соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за
надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете

заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го
намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со

електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека
работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи.

Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто
не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови,
ќе доведат до намалување на лични повреди.

u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен

пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете
или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на
прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто
прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.

u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го

вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна

положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот
алат во непредвидливи ситуации.

Bosch Power Tools
1 609 92A 7HS | (08.09.2023)

Оглавление

Ελληνικά 133
Русский 208
Українська 224
Қазақ 237
Български 265
Македонски 278
عربي 370
فارسی 381
Инструмент и стройка / Электроинструменты / Сверлильные инструменты / Аккумуляторные отвертки

Bosch GO 3

404 стр.
Инструмент и стройка / Электроинструменты / Сверлильные инструменты / Аккумуляторные отвертки

Bosch GO 3

404 стр.