Текст страницы
Македонски | 285
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично е помало од
70 dB(A). Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине
наведените вредности. Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурност K
дадени се во согласност со EN 62841-2-2:
Завртки: ah = <2,5 m/s2, K = 1,5 m/s2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава
се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на
нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат
главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за
други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на
бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се
земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е
во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на
бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од
влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на
работата.
Монтажа
u Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување,
замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го
прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
u За полнење користете го препорачаниот USB-мрежен дел или мрежен дел со 5 V
и најмалку 1,0 A. Почитувајте го упатството за користење на USB-мрежниот дел.
Препорачан мрежен дел: види поглавје Технички податоци.
Bosch Power Tools
1 609 92A 7HS | (08.09.2023)