Инструкция аккумуляторная отвертка Bosch GO 3 Kit

Замена на битовите за одвртувач (стр. 286 из 404)

Бренд: Bosch

Страница 286 документа Аккумуляторная отвертка Bosch GO 3 Kit. Раздел: Аккумуляторные отвертки. Бренд: Bosch.

Текст страницы

286 | Македонски

u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да

одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот
напојувач. Мрежните напојувачи означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани
меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
За полнење на акумулаторските батерии, поврзете го USB-приклучокот за полнење
преку USB-кабелот со мрежниот напојувач. Вметнете го приклучокот за мрежа во
приклучницата.

u По автоматското исклучување на електричниот алат не го притискајте

повторно копчето на вретеното. Батеријата може да се оштети.

u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на

прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Приказот за наполнетост на батеријата (8) истовремено е и работното светло.
Приказот го прикажува напредокот на полнењето. За време на процесот на
полнење, приказот трепка. Доколку приказот за наполнетост на батеријата (8) свети
непрекинато, батеријата е целосно наполнета.
За време на процесот на полнење се затоплува рачката на електричниот алат. Ова е
нормално. Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.
Електричниот алат не може да се користи за време на процесот на полнење; тој не е
дефектен доколку не функционира за време на процесот на полнење. Внимавајте
на напомените за отстранување.

Замена на битовите за одвртувач

Вметнување на бит за одвртувач
Користете само битови за одвртувач со соодветен крај за вметнување (1/4"-
шестаголна глава).
– Повлечете ја нагоре чаурата на прифатот за битови (2) и ставете го битот за

одвртувач во внатрешниот шестоаголник на прифатот за битови (2).
– Кога битот е вметнат, олабавете ја чаурата на прифатот за битови (2) за да го

фиксирате битот за одвртувачот.

Отстранување на битот за одвртувач
– Повлечете ја нагоре чаурата на прифатот за битови (2) и повлечете го битот за

одвртувач, доколку е потребно, со клешта.

1 609 92A 7HS | (08.09.2023)
Bosch Power Tools

Оглавление

Ελληνικά 133
Русский 208
Українська 224
Қазақ 237
Български 265
Македонски 278
عربي 370
فارسی 381
Инструмент и стройка / Электроинструменты / Сверлильные инструменты / Аккумуляторные отвертки

Bosch GO 3

404 стр.
Инструмент и стройка / Электроинструменты / Сверлильные инструменты / Аккумуляторные отвертки

Bosch GO 3

404 стр.