Текст страницы
288 | Македонски
електрониката го исклучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните
граници на температура.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell
Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи
со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
u Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување,
замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го
прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
u Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се кај овластената сервисна
служба за Bosch-електрични алати.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или
специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија
и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате
прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-
цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
1 609 92A 7HS | (08.09.2023)
Bosch Power Tools