Текст страницы
505
Македонски
-
Престанете да ја користите главата на четката со згмечени или
извиткани влакна. Менувајте ја главата на четката на секои 3 месеци
или порано ако се појават знаци на абење.
-
Избегнувајте директен контакт со производи што содржат есенцијални
масла или кокосово масло. Контактот може да доведе до вадење на
влакната.
МЕДИЦИНСКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
-
Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар
ако настане претерано крвавење по користењето, ако крвавењето
продолжи да се појавува по 1 седмица од користењето или ако
почувствувате непријатност или болка.
-
Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција на
непцата во претходните 2 месеци, советувајте се со стоматологот пред
да го користите уредов.
-
Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со
докторот или со производителот на имплантираниот уред пред
употребата.
-
Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со
доктор пред да го користите уредов.
-
Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе
пациенти во стоматолошка ординација или институција.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БАТЕРИЈАТА
-
Полнете само со Philips WAA1001, WAA2001, еквивалентни
безбедносно одобрени адаптери со номинална влезна моќност (100 –
240 V~; 50/60 Hz; 3,5 W) и номинална излезна моќност (5 Vdc; 2,5 W).
За списокот со адаптери, видете на www.philips.com/support
-
Овој уред содржи батерии на полнење што смеат да се отстрануваат
само од страна на обучени лица.
-
Полнете и користете го производот на температура помеѓу 32 °F / 0 °C
и 104 °F / 40 °C.
-
Користете го производот само за неговата намена. Внимателно
прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и
неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната
употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.
Доставените додатоци може да се разликуваат за различни
производи.
-
Користете само оригинални додатоци и потрошни средства на Philips.
-
Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги
изложувате на директна сончева светлина или високи температури.