Текст страницы
508
Македонски
Забелешка: Главите на четките за заби може да
варираат.
Започнување
Прикачување на главата на четката
1
Порамнете ја главата на четката, така што
влакната ќе бидат поставени во истата насока со
предниот дел на рачката.
2
Цврсто притиснете ја главата на четката врз
металниот издаден дел додека не сопре.
Забелешка: Нормално е да има мал простор меѓу
главата на четката и рачката. Ова ѝ овозможува на
главата на четката правилно да вибрира.
Полнење на Philips Sonicare
1
Приклучете го USB кабелот за полнење во ѕиден
адаптер што е поврзан со електричен штекер.
2
Поставете ја рачката на полначот.
-
Светилката на индикаторот за нивото на
батеријата се пали и рачката испушта звучен
сигнал двапати. Тоа означува дека четката за
заби се полни.
Забелешка: Потребни се до 24 часа за батеријата
целосно да се наполни, но може да ја користите
четката за заби Philips Sonicare и пред целосно да се
наполни.
Користење на четката за заби Philips Sonicare
Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв
пат, нормално е да чувствувате повеќе вибрации
отколку кога користите неелектрична четка за заби.
Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да
вршат премногу притисок. Применете само нежен
притисок и оставете четката за заби да го врши