Текст страницы
512
Македонски
Функции
-
Интензитети
-
EasyStart
-
Потсетник за замена на глава на четка
-
Сензор за притисок
-
QuadPacer
-
SmarTimer
Интензитети
Вашата електрична четка за заби ви дава опција да
изберете помеѓу низок и висок интензитет.
Забелешка: Кога ја користите четката за заби по прв
пат, стандардната поставка е низок интензитет.
-
Притиснете на копчето за напојување еднаш за да
ја вклучите четката за заби.
-
Притиснете по втор пат за 2 секунди за промена
на интензитетот.
-
Притиснете по трет пат за 2 секунди за да
паузирате.
По 2 секунди четкање, повторното притискање на
копчето за напојување исто така ќе ја паузира четката
за заби.
EasyStart
Овој модел на Philips Sonicare се испорачува со
активирана одлика EasyStart. Функцијата EasyStart
полека ја зголемува силата во текот на првите 14
четкања за да ви помогне да се навикнете на
четкањето со Philips Sonicare.
За да ја деактивирате EasyStart, погледнете во
„Активирање или деактивирање на одликите“.
Потсетник за замена на глава на четка
Вашиот Philips Sonicare е опремен со технологија
BrushSync што го следи абењето на главата на
четката.
Забелешка: Оваа функција работи само со паметните
глави на четки Philips Sonicare со технологијата
BrushSync.