Текст страницы
514
Македонски
SmarTimer
SmarTimer означува дека циклусот на четкање
завршил со автоматско исклучување на четката за
заби на крајот од циклусот на четкање.
Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од
2 минути двапати дневно.
Забелешка: Ако го притиснете копчето за
вклучување/исклучување откако ќе го започнете
циклусот на четкање, четката за заби ќе паузира. По
пауза од 15 секунди, SmarTimer се ресетира.
Активирање или деактивирање на функциите
Можете да ги активирате или деактивирате следниве
функции на вашата четка за заби:
-
EasyStart
-
Потсетник за замена на глава на четка
-
Сензор за притисок
За да ги активирате или деактивирате овие функции,
следете ги упатствата подолу:
EasyStart
1
Ставете ја рачката на приклучениот полнач.
2
Притиснете и држете го копчето за
вклучување/исклучување додека рачката останува
на полначот.
3
Држете го копчето за вклучување/исклучување
притиснато сѐ додека не слушнете единечен
краток звучен сигнал (по 3 секунди).
4
Пуштете го копчето за вклучување/исклучување.
-
Тројниот тон на ниско-средно-високо значи дека
функцијата EasyStart е активирана.
Индикаторското светло за нивото на батеријата
исто така ќе трепка зелено 2 пати за да се потврди
активирањето.
-
Тројниот тон на високо-средно-ниско значи дека
функцијата EasyStart е деактивирана.
Индикаторското светло за нивото на батеријата ќе
трепне еднаш во портокалова боја за да го
потврди деактивирањето.